Македонија

Викендов, на подрачјето на Куманово изречени вкупно 148 санкции, 66 за брзо возење

Викендов, на подрачјето на Куманово изречени вкупно 148 санкции, 66 за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање возачи што не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 148 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 66 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 39 санкции се изречени за возачи што управувале возило под дејство на алкохол, 23 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 16 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.

На почеток