Магазин

Европски денови на културното наследство 2023

Европски денови на културното наследство 2023

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја поднесе иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската Унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес.

dobivaj vesti na viber

Во септември, секоја година, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за многубројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и унапредувањето на наследството за сегашните и идните генерации.

Годинешната тема на Европските денови на културното наследство е „Живо наследство“.

„Живо наследство“ се однесува на практиките, знаењата и вештините, кои се пренесуваат од една генерација на друга, а се користат и денес. Разни вештини, занаети и професии ни овозможуваат да го одржуваме и зачуваме нашето наследство на многу начини. Оваа тема ни дава можност да погледнеме одблиску на работата што ја вршат чуварите на нашето наследство, токму благодарение на луѓето што го пренесуваат своето знаење на идните генерации.

Традиционално, Националната галерија е дел од манифестацијата. На 29 септември 2023, во просториите на Чифте амам, се реализира работилница за деца посветена на делото на Дичо Зографот. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културното наследство (22-29 септември 2023). На работилницата учениците од ОУ „ Невена Гергиева-Дуња“ – Скопје имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19 век. Работилницата течеше преку разговор и креативна активност – боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зографот и неговата тајфа.

Автор на боенката е Анета Гергиевска-Шајн, историчарка на уметност, која веќе неколку децении живее во САД.

Културното наследство во едукацијата е еден од мотивите за разбирање на историјата и подигнување на свеста за неговото значење.

На почеток