Македонија

Прегазен пешак од Тетово

Прегазен пешак од Тетово

Вчера, во 14 часот, на крстосницата на улиците Кузман Јосифоски-Питу и Тодор Циповски-Мерџан во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот А. А. од тетовско Вејце, удрило во пешакот З. И. (79) од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

На почеток