Вчера, од страна на Одделението за недозволена трговија Велес лишени се од слобода пет лица, М. Ж. (31), К. Д. (21), Ј. М. (20) и В. М. (39) и еден малолетник, сите од Велес.
По преземените мерки и активности, при извршени прегледи кај малолетникот и кај М. Ж., кои претходно, независно еден од друг, биле во домот на Ј. М., пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени по што биле приведени, а нешто подоцна и К. Д., кој претходно бил во домот на Ј. М., бил запрен од полициски службеници, при што се обидел да избега фрлајќи пакување со марихуана. Но, и тој набргу бил фатен и приведен, а дрогата била пронајдена и одземена.
Околу 21 часот, по наредба на Основниот суд во Велес, извршен е претрес кај Ј. М., при што биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, кесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ. Ј. М. бил приведен, а при претресот В. М. ги попречувала полициските службеници да вршат службени дејства по што и таа била лишена од слобода. Во координација со јавен обвинител против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава.