Магазин

„Нетфликс“ планира да ја зголеми претплатата по штрајкот на актерите

„Нетфликс“ планира да ја зголеми претплатата по штрајкот на актерите

„Нетфликс“ планира да ги зголеми цените на претплатите за своите услуги без реклами, прво во САД и Канада, а потоа и во остатокот од светот, пишува „Волстрит џурнал“. Не се знае колку ќе се зголеми цената на претплатата.

dobivaj vesti na viber

Во текот на изминатата година цената на услугите за стриминг се зголеми во просек 25 отсто бидејќи компаниите за забава се обидуваат да ги направат профитабилни. Ова доведе повеќе штедливи корисници да се префрлат на поевтини пакети, кои обично вклучуваат прикажување реклами додека гледаат серии и филмови.

„Нетфликс“ беше единствениот што не ги зголеми цените во текот на изминатата година и наместо тоа, се фокусира на барање на решение со споделувањето лозинки. Последен пат цената на претплатата беше зголемена во јануари 2022 година.

 

На почеток