„Секој ден слушаме некоја уште поголема глупост од претходниот ден“, смета Хајредини за Ковачевски
Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, со остри критики до премиерот Димитар Ковачевски. Тoј ја искоментира премиерската изјава: „Значително го зголемивме квалитетот на високото образование!“.
„Секој ден слушаме некоја уште поголема глупост од претходниот ден. Очигледно, ниту чул, ниту некој му кажал, на кое место се наредени македонските универзитети на не многу одамна објавената шангајска ранглиста на универзитетите во светот“, вели Хајредини.
Тој во друга објава додава:
„За Македонија вистинска работа на некои лидери на партии е и лично да одговараат за криминал и корупција, со што земјата ја доведоа во катастрофална состојба, како што и вам ви e многу добро познато“.