За Македонија вистинска работа на некои лидери на партии е и лично да одговараат за криминал и корупција, им порача ексминистерот за финансии


Низ повеќе објави на социјалните мрежи, ексминистерот за финансии и сегашен аналитичар, Џевдет Хајредини, се спротиставува на случувањата во општеството. Според него, најголем проблем е корупцијата. Секогаш, први на удар му се политичарите од актуечниот политички блок.
„Со овие корумпирани политичари на власт, во Македонија никогаш нема да има владеење на правото, како што вчера во заклучоците, од земјите кандидати, бараше Самитот на ЕУ во Гранада“, порача тој.
Потоа, додава: „На Македонија, пред било кој друг фронт, најпотребен и е антикорупциски фронт“.
Бара и одговорност.
„За Македонија вистинска работа на некои лидери на партии е и лично да одговараат за криминал и корупција, со што земјата ја доведоа во катастрофална состојба, како што и вам ви e многу добро познато“, посочува Хајредини.
