Во животот човек треба да се бори, знам за неправдите и револтот – но заминувањето од Македонија е проблем, порача Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на собир со активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ порача дека во животот човек треба да се бори, а најдобро е кога таа борба ја правите дома. Пораката ја објави денеска, на 11 октовмри кога се прославува победата на фашистичкиот окупатор.
„Јас знам дека моментално во Македонија се случуваат многу внатрешни проблеми, голема неизвесност, неправди, младите луѓе се повеќе бунтовни и тоа што го доживуваат создава кај нив револт, тој револт како реакција секогаш има изговор ќе си одам од овде. И сето тоа претставува навистина проблем којшто треба да се менува.
Излажаа цели студентски градови, тоа е многу голема лага. Толку многу излажаа што мислам дека ќе служат за пример како не треба. Ние имаме сериозен план за стимулација на научно-истражувачки центри популарно во светот наречени RND центри којшто ќе бидат отварани во Македонија кадешто ќе има високо платени работни места, а ние како вработени во високото образование ќе едуцираме таков кадар којшто е потребен за тие коишто ќе отворат такви научно-истражувачки центри“, напиша Мицкоски.
