Македонија

Пешак прегазен од мопед во Куманово, сторителот побегнал

Пешак прегазен од мопед во Куманово, сторителот побегнал

Синоќа околу 19.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, мопед „априлиа“ удрил во пешакот Т.С.(44) од Куманово, по што го напуштил местото.

dobivaj vesti na viber

По несреќата, Т.С. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток