Македонија

(Видео) Емотивна порака од Мала Преспа во Албанија: Сите сме Македонци, нема Бугари, татко ми се бореше за Македонија а мене ме остави на една година

Жена во поодминати години од Мала Преспа, денешна Албанија говори за прашањето кое го отвори Бугарија – дали таму живеат Бугари и Македонци. На снимката таа јасно и гласно посочува дека Македонка која живее во таа географска област. Посочува и дека нејзинот татко животот го дал за Македонија.

Пред Македонците кои беа во посета на Мала Преспа говори дека таа била оставена уште како дете, на една годишна возраст, од својот татко. Но, не му замерува, туку е горда.

Жената испраќа и порака дека Македонија е стекната со крв, а не со фотелји, јадење и пиење.

На почеток