Македонија

В сабота протест пред Обвинителство: Платформата Одговорност се приклучува на онколошките пациентки

В сабота протест пред Обвинителство: Платформата Одговорност се приклучува на онколошките пациентки

Платформа Одговорност повикува на протест в сабота, 14 октомври во 19 часот, пред Основното јавно обвинителство Скопје каде, како што велат, ќе им се приклучат на протестот на онколошките пациентки.

„Платформата Одговорност се приклучува на протестот на онколошките пациентки, кои веќе месец и пол протестираат пред Обвинителството. Од оваа сабота па натаму, одлуките за делување ќе ги носиме заедно со онколошките пациентки.

Ги повикуваме сите добронамерни граѓани, кои искрено сакаат да дадат поддршка во борбата за обелоденување на вистината, да ни се приклучат. Ова е мирен протест, пред се, за поддршка на онколошките пациенти, и за поддршка на семејствата кои загубиле свој член во битката со канцер. Да си дадеме топла, хумана поддршка и достоинствено и храбро да се спротивставиме на овој трул систем еднаш засекогаш! Не е битна масовноста, битна е доследноста, упорноста, детерминираноста!“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

На почеток