Македонија

Над еден килограм марихуана пронајдена во домот на двајца тетовци

Над еден килограм марихуана пронајдена во домот на двајца тетовци

Вчера во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода К.Р.(24) и Л.Р.(22), двајцата од Тетово.

dobivaj vesti na viber

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, во просториите кои ги користeле биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со околу еден килограм и 300 грама марихуана и дигитална вага.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

Според полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток