Вчера попладне во 16.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 35-годишниот Ј.И. од Куманово, извести МВР.
– Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект во Куманово и одзел повеќе предмети, соопшти МВР.
Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
