Македонија

Возило удрило во велосипед во Штип, тешко повреден малолетник

Возило удрило во велосипед во Штип, тешко повреден малолетник

Вчера, во 18.50 часот, во СВР Штип било пријавено дека на крстосницата на улицата Сремски фронт со улицата Нобелова во Штип, М. А. (46) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, удрил во малолетен велосипедист.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.

На почеток