Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 % во однос на одлуката од 9.10.2023 година.
Од 13.10.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,00 (денар/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,00 (денар/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 45,087 (денари/килограм)
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,257 %, кај дизелот за 3,292 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 3,677 % и кај мазутот намалувањето е за 1,371 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,155 %.