Македонија

Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(25) од Битола. Тој се сомничи дека во куќа во Битола извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети, а извршил и оштетување на дел од покуќнината.

dobivaj vesti na viber

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

На почеток