„Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич.
Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив“, напиша на својот фејсбук профил Досегашниот директор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски.
Тој преку социјалната мрежа Фејсбук ја најави неговата смена од директорското место кое досега го извршуваше на Клиниката за токсикологија.
За нов в.д. директор на токсикологија е назначен д-р Нагип Зумбери.