Коментари

Југ за слободата на Мијалков за прислушувањето: И душата земете им ја на луѓето, само Цеца нека грми

Осудениот Игор Југ за настаните од 27 април во Собранието на Македонија, кој издржува затворска казна од 11 години, го искоментира застарувањето на делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за прислушувањето. Југ меѓудругото пишува: „Ова го може само Македонија“.

„Една од милионите причини зошто ја обожавам оваа земја, ова го може само Македонија. И душата земете им ја на даночните обврзници кои очигледно не ги сметате за луѓе, ни за граѓани“, пишува Југ.

Алудирајќи на свадбата која ја правеше син му на Мијалков во хотелот чија делумна сопственост е на ова семејство, Југ додава: „Само Цеца нека грми, морски плодови и бифтеци нека летаат, а ти продолжи да ќутиш и блескаш, моја чаробна вуко**бино. Пс. Кај нас посна леќа за ручек, кај вас?“.

Југ, заедно со останатите 16 осудени, издржува казна оти судовите во Македонија пресудија дека сторил кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

На почеток