Некатегоризирани

Свикан стручниот колегиум на јавните обвинители, ќе дискутираат како понтаму со предметите од незаконското следење на комуникациите

Јавниот обвинител на Република Македонија денеска свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На седницата која ќе се одржи утре, 7 февруари, ќе се разгледува Барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 Скопје за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава. Воедно, тема на Стручниот колегиум ќе биде натамошното постапување по предмети поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.​

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток