Скопје

62.000 евра од „You are a Sunflower“ за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести

Заврши кампањата „Македонија – ти се сончоглед” . На завршната кампања министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека фондот од 62.000 евра, собрани благодарание на хуманоста на луѓето кои се облекоа во маичките на кампањата „Македонија – ти се сончоглед”, се искорисистија за набавка на неоходна болничка опрема и апаратура за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести.

Фондацијата која имаше идеја, имаше волја и доволно хуманост и пожртвуваност во себе да иницира хуманитарна кампања која не познава и не признава граници и има тенденција да се прошири и пошироко во регионот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.Тој додаде дека кампањата започна во Тирана, продолжи во Приштина и денеска заврши во Скопје.

На свеченоста, присуствуваа и пратениците од законодавниот дом кои се вклучија во оваа кампања за помош на децата, како и директорката на Клиниката Катерина Ставриќ и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток