„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, велат од МВР.
(Видео) Штекли во „Ист гејт“ е погоден со четири куршуми, придружбата со повеќе - докторите се борат за нивните животи
Со над четири кушуми бил ранет Раде Трајковски-Штекли во „Ист гејт“, додека неговата придружба била погодена со од шест до осум куршуми, дознава „Скопје1“. Докторите се борат за нивните животи. Во моментов течат операциите.Пред Универзитетска клиника по хируршки болести Св.Наум Охридски има засилено полициско обезбедување. Слично е и на комплекс клиники „Мајка Тереза“.Објавена е и снимка од пукањето.„Скопје1“ објави дека повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Засега не е познато само дали е пронајдено лицето кое пукаше.„Скопје1“ претходно објави и други детали.
Скопје | пред 2 години