Свет

Престрелка близу седиште на банка

Холандската полиција вечерва ликвидира вооружен напаѓач за време на престрелка во близина на седиштето на централната Банка на Холандија (ДНБ) во Амстердам.

Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци, во близина на седиштето на ДНБ дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружен маж, кој притоа бил убиен.

Полицијата го блокира реонот околу местото на инциднетот, каде пристигнале неколку амбулантни возила.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток