Пукањето во трговскиот центар “Ист гејт” кое се случи вчера во полиција било пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите.
-Околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ “Св.Наум Охридски“, се наведува во полицискиот билтен.
36 годишниот Раде Трајковски Штекли, врз кој вчера беше пукано во Ист гејт, е контактибилен и со стабилни параметри по хируршката интервенција на левиот граден кош.
Штекли и неговиот придружник беа повредени вчера попладне во „Ист гејт“ во период кога трговскиот е полн со посетители.
МВР објави фотографија од напаѓачот и побара помош од граѓаните за негово пронаоѓање и идентификување. На случајот сè уште се работи. Луѓе во паника го напуштаа трговскиот кој се полнеше со полиција, но до вечерта продолжи со работа.