Вчера, во 2 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот С. И. од Куманово поради основано сомнение дека на 24.10.2023 влегол во деловен објект во Куманово и одзел повеќе предмети, извести МВР.
„При преглед на неговото возило биле пронајдени предметите и тие му се вратени на сопственикот“, велат од МВР.
С. И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.