Вчеравечер, околу 23.45 часот, на улицата Илинденска во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец В. Л., кој ден пред тоа бил пријавен во СВР Тетово од 37-годишниот Г. С. од Тетово дека заедно со уште три други лица, на разни локации во Тетово, неколкупати физички го нападнале, извести СВР Тетово.
„Претходно, во 10.10 часот, во тетовска Мала Речица, поради сомнение за негова инволвираност во истиот случај, бил лишен од слобода и 46-годишниот Х. К. од ова село, а во 11 часот во Полициската станица Тетово повикан е и Б. С. (45) од Тетово“, се додава во соопштението на СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот по што ќе следуваат соодветни поднесоци.