Македонија

„Не е сѐ во брзината!” – шести пат викендов ќе се одржи бавна трка со мотори

„Не е сѐ во брзината!” – шести пат викендов ќе се одржи бавна трка со мотори

Шести пат ќе биде одржана бавната трка со мотори, настан со наслов „Не е сè во брзината!“

Трката ќе се одржи в недела, со почеток во 11 часот, пред мото-клубот „Вепар“.

Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едукативен карактер, која има цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, а е организирана од мото-клубот „Вепар“ веќе 6 години.

Трката ќе се одвива во 4 категории, и тоа:
– мотоцикли до 50 см 3
– мотоцикли од 51 до 500 см 3
– мотоцикли од 501 до 1.000 см 3
– мотоцикли поголеми од 1.000 см 3

Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација
– победникот продолжува со натпреварување;
– победник е оној што побавно ќе стигне до целта.

Правила:
– учесникот не смее да испадне од обележаната траекторија;
– учесникот не смее да допре со нога на земјата (со самото допирање се елиминира од трката);
– учесникот што последен ќе ја помине целта е победник.
Сите заинтересирани за учество во мото-трката „Бавна трка Vol. 6“, може да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот.

Агенда:
– 10-11.30 часот – ПРИЈАВУВАЊЕ
– 12 часот – официјално почнување на трката
– 14 часот – почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба
– 19 часот – затворање на настанот

Учеството е бесплатно.

На почеток