Два месеци по претседателските: Џафери со можни датуми за парламентарни избори
Од
Објавено на
На 4 август идната година завршува мандатот на актуелниот пратенички состав во Собранието. Изборите се одржуваат во 90 дена од тековниот мандат (член 63 став 3 од Устав), или во рок од 60 дена од распуштање на Собранието.
Редовни термини во редовен рок се 5 мај – 15 јули, за да се овозможи конституирање во рамките на уставниот рок, најдоцна денот 20/21 од денот на гласање.
„Ако парламентарните избори се организираат да се одржат пред 5 мај, тогаш тие избори се предвремени избори и во тој случај важат други членови“, велат од Собранието.