По најавата, владата експресно почна да ја отстранува ограда пред нејзините порти. Одлуката ја донесе Владата на последната седница, а целта на таквиот чекор, како што соопштија, е ослободување на просторот.
За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски и додаде дека за отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата.
„Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните“, изјви Бошњаковски.