🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Рашковски си доби слобода со пари - укинат домашниот привор, дал гаранција

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-2590PM

Ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, пуштен од домашен притвор, дознава „Скопје1“. Одлуката на донел Кривичен совет, откако Рашковски се пожалил на мерките на претпазливост, кои му беа изречени пред скоро четири месеци. За слободата, понудил гаранција која му била прифатена од судии на Кривичниот суд.

— реклама —

„Скопје1“ пред два дена побара став од судот, колкава гаранција дал Рашковски во замена за слободата – но не добивме одговор. Според информации на „Скопје1“ станува збор за сума со која, при негово бегство и потврда на првостепената пресуда, нема да може да се наплати штетата направена врз буџетот за која Кривичен суд го осуди на осум години затвор. Од судот не одговараат ниту дали гаранцијата е дадена како парични средства или и имот кој тој го поседува.

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска го осуди ексгенералниот секретар за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Покрај него, осудени беа и други шест лица, кои биле ангажирани во Влада, но и сопственици на фирми од кои, според пресудата, Рашковски набавувал софтвери, камери, кабини – но незаконски.

— реклама —

Според Обвинителството, Рашковски во периодот од јуни 2017 година до февруари 2021 година, со умисла помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела. Тој не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март 2021 година. Покрај овој тендер, во летото 2019 година, Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи потребни за софтверот, иако во тоа време сè уште не бил склучен договор за набавката на софтверот.

IMG_4197

Со гаранција од 192 илјади евра, Рашковски добил укинување на куќниот притвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со над 192 илјади евра гарантира дека нема да избега, а Кривичниот совет му поверувал, прифатил и го пуштил на слобода. По два дена, од Кривичниот суд за „Скопје1“, велат дека решението е неправосилно, а обвинител може да се жали.„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.Слободното движење на Рашковски доаѓа по скоро четири месеци поминати во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања