Општина Илинден почна со изградба на нова линија на фекална канализација на улицата 400 во Марино, во должина од 300 метри. Новата канализациска линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димензија Ø 200 и со неа ќе бидат опфатени 10-ина домаќинства. Новоизградената фекална канализација на улицата 400 ќе се поврзе со колекторскиот систем Илинден – Марино.
Увид во работните активности направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и директорот на ЈКП „Водовод“ – Илинден, Ивица Трипуновски.
„Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина, со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за општина Илинден“, истакна градоначалникот Георгиевски.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да работи на обезбедување квалитетна комунална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница.
