Свет

Израел испука ракети кон Либан

Израел испука ракети кон Либан

Од северен Израел се испукани ракети над јужните либански погранични села, пишува АФП.

dobivaj vesti na viber

Ударите на либанско-израелската граница ги интензивираат стравувањата од ескалација.

Стравувањата дека ова може да стане уште еден фронт во конфликтот се зголемуваат, повторно, бидејќи Израел ја проширува својата копнена офанзива во Газа.

Денес, израелската војска соопшти дека извршила одмазднички напад откако спречила ракета земја-воздух што била истрелана од Либан кон израелско беспилотно летало (UAV). Неколку часа подоцна, таа соопшти дека едно од нивните беспилотни летала погодила „терористичка ќелија“ во Либан, која се обидела да лансира противтенковска ракета кон Израел.

Хезболах соопшти дека извршил неколку напади со артилериски гранати и наведувани проектили, без да даде повеќе детали.

Насилството принуди повеќе од 28.000 луѓе да ги напуштат своите домови во Либан, според Меѓународната организација за миграција.

Хезболах, кој се смета за терористичка организација од ОК и други земји, е дел од „Оската на отпорот“ поддржана од Иран, која вклучува и групи и фракции во Сирија, Ирак и Јемен.

На почеток