Свет

Папата: Ѓаволот работи прекувремено за да ја поткопа Католичката црква

Ѓаволот е жив, добро е и работи прекувремено со цел да ја поткопа Католичката црква, изјави папата Франциско.

Папата е толку убеден дека ѓаволот треба да се обвини за кризата со сексуални злоупотреби во редовите на Црквата, што побара од католиците во светот да изговараат посебната молитва секој ден во октомври за да извојуваат победа над него, пренесе „Ројтерс“.

Кога беше избран во 2013 година, папата Франциско јасно стави до знаење дека верува оти ѓаволот е реален.

Во еден документ напишан во април за светоста во современиот свет Франциско го споменува ѓаволот повеќе од десет пати.

„Не треба да мислиме на ѓаволот како мит, приказ, симбол, фигуративен збор или идеја. Ваквата грешка ќе доведе до намалување на нашата одбрана, ќе станеме безгрижни и ранливи“, напиша папата.

Во Римокатоличката црква се редат скандали поврзани со сексуална злоупотреба од страна на црковни лица во Германија, САД и во Чиле.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток