Македонија

Анкета на ИПИС: Мицкоски со тројно поголем рејтинг од Ковачевски, граѓаните сакаат споени парламентарни и претседателски избори

Анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека скоро 50 отсто од граѓаните сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат и одговориле со не знам, не сакам да кажам или нема да гласам.

 

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,3 % од испитаниците, а за СДСМ 11,3%.

 

Опозициска коалиција меѓу Алтернатива, Беса и Демократско движење за првпат заедно имаат речиси еднаков рејтинг со ДУИ.

 

 

Од политичките лидери, најголемо водство има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (16,5%), пред Али Ахмети, претседателот на ДУИ (6,1%) и Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ (5,6%).

 

 

Мнозинство од граѓаните смета дека парламентарните и претседателските избори наредната година треба да се одржат заедно – 66,6 отсто од испитаниците.

 

 

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите, во период од 25 до 27 октомври на 1.055 полнолетни испитаници во Македонија.

На почеток