Македонија

Казнети 409 возачи во Скопје

Казнети 409 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информира МВР.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 156 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 25 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

На почеток