Македонија

261 санкционирани возачи во Скопје, 88 за брзо возење

261 санкционирани возачи во Скопје, 88 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, извести МВР.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

На почеток