Одземени шест возила на територијата на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави

Од
Објавено на

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат.
По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основниот суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за автомобили на подрачјето на СВР Охрид и притоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.
Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите, од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
