Вчера, во 16 часот, во СВР Тетово се пријавиле малолетник и татко му И. С. (42) од тетовско Селце-Кеч, кои претходно биле пријавени од 57-годишниот Х. С. од тетовска Голема Речица дека на нива во атарот на тетовска Брвеница физички го нападнале.
Во нападот, според пријавеното, малолетникот употребил и дрвен предмет.
Малолетникот бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.
