Македонија

Јанкулоска е дома, по три години го напушти затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. По три години и еден месец, таа е на слобода, и е заедно со семејството. Од денеска, Јанкулоска затворската ќелија ќе ја замени со домашна атмосфера. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација. Нема да се врати зад решетки ако до идниот октомври не направи ново кривично дело.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, таа ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Гордана Јанкулоска е правосилно осудена на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за експремиерот Никола Груевски. На 27 септември, со потврдата на пресудата за „Тенк“, таа беше спроведена зад решетки. Јанкулоска издржуваше казна за сторено дело злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

Јанкулоска излегува на слобода: мајка е, а го почитувала и куќниот ред

На почеток