Пецаков по ставот на Ковачевски: Македонија, поненормална власт немала, ама и нема ни да има!


Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, ја искоментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој кажа дека не е исклучено да се раскине договорот за автоптот Охрид-Кичево.
“За момент ако ја тргниме настрана оваа изјава, би рекол дека Македонија, поненормална власт немала, ама и нема ни да има!!!
Битно држите пресови персонализирани, за секоја општина каде што се градоначалници од ВМРО – ДПМНЕ по повод 2 години локална власт, а минимум 10 општини, ПОЕДИНЕЧНО имаат направено повеќе игралишта од Агенција за Млади и Спорт за 6 години(како еден пример)… Толку е постот!! Избори е решението, ИЗБОРИ се спас за Македонија!!!”, пишува Пецаков.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Охрид, се обрати на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали, при македонсакта Стопанска комора.
