Пилот на авио-превозникот „Американ ерлајнс“ е уапсен на аеродромот во Манчестер поради сомнение дека бил под дејство на алкохол, соопштуваат од полицијата.
Од полицијата велат дека вчера утрото добиле пријава дека постои можност еден од пилотите на аеродромот да е пијан.
Пилотот е уапсен под сомнение дека во крвта имал поголемо количество на алкохол од дозволеното. Во соопштението од полицијата се наведува дека пилотот е пуштен со кауција.
Од компанијата потврдуваат дека еден член од екипажот е притворен на аеродромот и дека летот за Филаделфија е откажан, а патниците се пренасочени на другите летови. Исто така изјавија дека соработуваат со локалните злужби за спроведување на законот во врска со инцидентот.