Скопје

Програма за обука на општинските советници

Како дел од проектот на мисијата на ОБСЕ „Зајакнување на демократското управување“, денеска во хотелот Александар Палас се одржа презентација на Програмата за обука на општинските советници за 2018 година.

На промоцијата на програмата присуствуваа Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и членовите во Советот, Арзу Камбер и Игор Вељаноски.

Целта на настанот беше да се презентира програмата за обука на општинските советници, која ќе се спроведува во текот на октомври и ноември, како и начинот на кој советниците од избраните општини можат да аплицираат.

Проектот на мисијата во 2018 година „Зајакнување на демократското управување“ предвидува градење на капацитетите на одредена група на општински советници од неколку избрани единици на локалната самоуправа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток