Османи со нова скандалозна изјава – критиките за ДУИ ги издигна на ниво на „меѓуетничка омраза“


„Додека е ДУИ и додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали ни влакно од глава“. Ова е пораката од министерот за надворешни работи, Али Ахмети до ВМРО-ДПМНЕ, а откако потпретседателот на оваа партија, Александар Николоски кажа дека нема коалиција со оваа партија.
„Се сеќавам и на изјавите на Зоран Заев на митинзите кога велеше зошто ДУИ да не оди во опозиција и знаеме каков беше исходот понатаму. Овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи во добивање на политички поени е премногу ризичен за една мултиетничка демократија каква што сме ние. На ВМРО можам да им кажам дека додека е ДУИ и додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали ни влакно од глава. Сите такви закани се безвредни“, рече Османи.
Новинарите му регираа дека се споменува ДУИ, а не сите Албанци и дека нешто на нив ќе им фали, како и На забелешката на новинарите дека се спомнува ДУИ, а не сите Албанци и зошто споменува меѓуетнички тензии, Османи одговори: „токму ДУИ е мнозинската волја на Албанците“.
