Скопје

Протест против загадувањето на воздухот пред Собрание

Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“ за денеска најави нов протест против загадувањето на воздухот. Протестот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 13 часот.

„•Веднаш бараме свикување на итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот во нашата земја.
• Бараме итно вклучување на експерти(Доктори, Еколози, Еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата).
• Бараме владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем.
• Бараме вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.
• Како главно барање, владата и институциите да престанат со така наречени решениа кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени.
На сите нас е во Сабота да ги дополниме или подобриме нашите заеднички барања се со цел за најдобро и најбрзо решение“, стои во описот на настанот.

Револтот ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток