Свет

Американската воена база во Ирак нападната со дронови

Американската воена база во Ирак нападната со дронови

Три вооружени беспилотни летала се соборени денеска над аеродромот Ербил во северен Ирак, каде се стационирани американски и други меѓународни сили, соопшти антитерористичката служба на ирачки Курдистан, истакнувајќи дека станува збор за два одвоени напади.

dobivaj vesti na viber

Во моментов не е јасно кој е одговорен за нападите, последниот во серијата напади врз американските трупи во Ирак и Сирија додека се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток поради војната меѓу Израел и Хамас. Одбранбениот систем во воената база во близина на аеродромот успешно се одбрани од беспилотните летала, се наведува во соопштението. Нема жртви или оштетувања на инфраструктурата, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.

Ирачкиот премиер Мохамед Ал Судани вети дека ќе ги пронајде одговорните за неодамнешните напади на три воени бази во Ирак во кои се сместени советниците на меѓународната коалиција, вклучително и Аин ал Асад во западен Ирак, воената база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад и Харир во Ербил.

На почеток