Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач кој се движел во спротивна насока кај Грочка, на автопатот Белград-Ниш.
Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.
Српското МВР на својот официјален Инстаграм профил сподели видео од запирањето на возачот.
Возилото „фолксваген голф“ го управувал 49-годишен државјанин на Северна Македонија.