Свет

Орки потонале јахта кај брегот на Мароко: 45 минути брутално го напаѓале бродот, екипажот едвај се спасил

Орки потонале јахта кај брегот на Мароко: 45 минути брутално го напаѓале бродот, екипажот едвај се спасил

Орките повторно нападнале луѓе на отворено море. Овој пат, група китови убијци потопиле полска јахта во близина на брегот на Мароко, се вели во објавата на Фејсбук на туристичка компанија.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил на 31 октомври откако група орки ја нападнале јахтата, по име „Граци Мама II“, додека минувале низ Гибралтарскиот Проток, објави Инсајдер.

Морските цицачи – кои можат да пораснат над девет метри и тежат над 11 тони – наводно „удирале на јахтата 45 минути, предизвикувајќи голема штета и истекување“.

И покрај обидите да се спаси бродот, тој „потонал во близина на влезот на пристаништето Тангер-Мед“, се вели во пораката.

Екипажот не е повреден во нападот.

На почеток