(Фото) Македонски пензионери пред Амбасадата на САД бараа покачување на пензиите со веење на знамиња и транспаренти
Од
Објавено на
Од пред Амбасадата на САД во Скопје, македонските пензионери бараа поголеми пензии. Улицата пред дипломатското седиште беше блокирана и под силно обезбедување, додека пензионерите вееја македонски знамиња и транспаренти на кои пишуваше „минимална пензија од 18.000 денари“, „линеароно покачување за 5.000 денари“.
Тие посочија дека трошоците за живот се зголемени, а пензиите – не. Сметаат дека се недоволни за достоинствен живот. Пензионерите, велат дека тоа што го бараат е дури и малку.
Истите барања ги повторија и пред Владата.