Македонија

Партиите добија рок од Џафери: До Нова Година!

Нема да дозволам да ме прегазат роковите, вели собранискиот спикер Талат Џафери околу датумот за избори.

Тој им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова Година да го договорат датумот за избори.

„Политичките партии кои што се застапени во Собранието имаат можност до Нова Година да си најдат консензус по однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери.

По овој рок, како што кажа, мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите.

Пред новинарите во Форино, Џафери објасни дека како претседател на собранието е должен да го обезбеди времето кое што го пропишува уставот и законите, за да се организираат изборите.

Тој ги повтори роковите но и законската обврска за формирање на техничка влада пред изборите.

Одговарајќи на прашањето кога уставните измени ке бидат поставени на дневен ред, Џафери повтори дека точката е на дневен ред уште во август месец.

И дебатата општа е завршена, седницата е прекината и чека пратениците да рефлектираат по однос на потребата од обезбедување на соодветно мнозинство. Дали ќе рефлектираат, кога ќе рефлектираат, тоа веќе не е прашање кое што треба мене да ме засега, тоа е прашање на субјектите кои се присутни во Собранието“, поитенцира собранискиот спикер.

На почеток