Македонија

СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

„ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат. Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата“, велат од СДСМ.

„Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност“, соопшти СДСМ.

На почеток