Скопје

Отпадот во Орман е опасен – ќе има кривична пријава, најавија инспекторите

Инспекторатот за животна средина ќе поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина, поради опасниот отпад кој стоел на парцела во скопски Орман. Според Инспекторатот, лабораториските испитувања го потврдиле веќе констатираното – станува збор за опасен отпад. Треба да се дисплоцира за 60 дена на местото од каде е земен, а ќе има и забраа за работа која ќе важи 90 дена.

„Државниот инспекторат за животна средина од добивање на известувањето од Општина Ѓорче Петров, направи инспекциски надзор. Утврдивме дека на плац во сопственост на две физички лица има одредена количина на отпад, чиј сопственик е правно лице со А-интегрирана дозвола. Правниот субјект е лоциран во општината Чучер Сандево. За време на надзорот, земени се мостри, од повеќе места на двете локации. Инспекторот констатираше дека иако постои договор помеѓу физичките лица и фирмата, несоодветно е складиран и транспортиран отпадот“, кажаа од Инспекторатот.

Тие додаваат: „Локацијата не е наменета за складирање на ваков отпад, нема дозвола и е казниво согласно легислативата. Лабораториските испитувања се повторуваат неколку пати. Извештаите ги добивме и по направената карактеризација станува збор за опасен отпад. Врз основа на анализите и документацијата, ќе следуваат натамошни акти – односно решение со наредба за безбедно враќање на отпадот за 60 денови и забрана за работа во рок од 90 дена“, кажаа од Инспекторатот за животна средина“.

На почеток